0 коментари 1 мин. читање 12 април, 2016

Со Pattern на Etsy ќе може да си отворите сопствена е-продавница

Еден од најпопуларните продавници за рачно изработен накит, облека и уметнички дела Etsy, објави алатка со која корисниците ќе можат да си креираат сопствени електронски продавници. Наречена Pattern, алатката од 15 долари ќе овозможи корисниците да креират персонализира страна за своите производи. Компанијата се надева дека заедницата изградена околу сервисот ќе ги привлече и продавачите.

Страниците кои можат да се направат изгледаат одлично, овозможуваат куп илустрации и имаат изглед на мини блог. Креирањето на страниците е едноставно, а корисникот може да избере од неколку модели. Можеби поважно страницата ќе овозможи статистика, па продавачите ќе имаат некаков увид за бројот на посетители, продажбата и заработката. Pattern е веќе достапен, а првите 30 дена се бесплатни, иако за жал сервисот не е достапен во Македонија.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top