Blackberry ќе претстави два нови телефони со Android оперативен систем, вели директорот Џон Чен. Компанијата останува доследна на својот бренд, па едниот од телефоните доаѓа со физичка тастатура, додека другиот е стандарден паметен телефон со голем екран.
Новитет со новите Blackberry телефони е што компанијата се откажува од пазарот на ексклузивни модели и наместо тоа ќе се обиде да го освои mid-range пазарот на телефони. Продажбата на претходниот модел BlackBerry Priv е намалена за 200 милиони долари, а г. Чен вели дека направиле грешка со претходниот уред. „Голем дел од компаниите ни велат: сакаме да го купиме вашиот телефон, но 700 долари е премногу за нас. Повеќе сме заинтересирани за уреди од 400 долари“, вели г. Чен за National.
Компанијата засега нема намера да креира нов телeфон со Blackberry 10 оперативен систем, а најголемата социјлна мрежа Facebook најави дека прекинува со поддршка за Messenger и WhatsApp. Moже да се каже дека BlackBerry 10 нема веќе иднина.