0 коментари 1 мин. читање

Њујорк ќе проверува дали сообраќајките се направени поради користење на телефон

Законодавците во Њујорк разгледуваат предлог закон кој ќе им овозможи на властите да проверат дали при автомобилска несреќа било вклучено користење на паметните телефони. Новиот закон ќе предвидува проверка на телефонот на учесниците во незгодата и ќе може да утврди дали телефонот бил користен непосредно пред сообраќајната незгода. Законот е изнуден откако беше забележан пораст од над 840% во казните поради пишување на пораки додека се вози.

Технологијата за проверка на телефоните постои, јави BBC, но засега е проблем да се зачува приватноста, односно да се тргне содржината на пораките и бришење на броевите на соговорниците. Анонимизацијата на овие податоци е од клучно прашање, бидејќи законот би можел да има проблем со правото на приватност со што би бил противуставен.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top