Естонија ги стави своите славни стартапи на поштенски марки

0 коментари 1 мин. читање

За да ја одбележи својата определба кон технологијата, Естонија издаде серија на поштенски марки од стартапи и компании кои имаат естонски основачи. На марките можат да се најдат логоа од Skype и Transferwise, но и Fortuno, Pipedrive, Cloutex и GrabCad.

Естонија иако е најмала држава членка на Европската Унија со околу 1,3 милиони жители, е можеби најуспешната кога се стартапите во прашање. За да го надмине проблемот кој го има со малиот број на жители Естонија ја објави својата намера преку дигиталното жителство e-Estonia да го зголеми бројот на виртелни жители за 10 милиони до 2025 година.
e-Estonia е проект кој овозможува плаќање на данок или отвораране на компании од странство на пример. Токму вакви реформи на малата балтичка држава и го донесоа името „E-Stonia“.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top