0 коментари 2 мин. читање

Error 451 сега е официјален HTTP код за цензурирана содржина

Доколку забележите Error 451 во прелистувачот, станува збор за содржина која не може да ја видите поради цензура. HTTP кодот официјално е установена од Internet Engineering Task Force (IETF), а доаѓа од романот „Fahrenheit 451“ од Реј Бредбери. Книгата зборува за дистопично општество во кое владее стравот и се палат книги. Предлогот да се усвои бројката е идеја на Тим Бреј од Google. Претходно за сајтови кои беа блокирани од властите се покажуваше поопштиот код 403: Forbidden.

Error 451 ќе доаѓа со појаснување под кој закон доаѓа блокирањето и под чија надлежност е направено. Идејата зад ова е доколку некој си дозволува да цензурира содржини и смета дека ова го прави со добра причина, тогаш не би требало да имаат проблем да објаснат зошто нешто е цензурирано. „Како што цензурата станува поважна и проширена на Веб, така започнавме да слушаме за сајтови кои сакаат да направат разлика. Слушнавме забелешки од заедницата дека тие сакаат да откриваат примери за цензура по автоматизам“, вели Марк Нотингам, директорот на IETF.

Една од забуните кои најверојатно ќе настанат е што Error 451 ќе се појавува и поради користење на firewall, но почеста причина ќе биде цензура направена од органи кои имаат надлежност. Државите можат и да го забранат користењето на Error 451, што е ограничување кое не може да се избегне, вели Motherboard.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top