Oculus конечно ја заврши финалната верзија на уредот за виртуелна реалност, веќе започна да го испорачува до девелоперите. Хардверот доаѓа со нов SDK 1.0 на кој издавачите ќе треба да ги прилагодат своите игри. Ова е прва верзија на развојната алатка со цела бројка, а последната претходна верзија беше SDK 0.8.
Првите уреди се испорачуваат до развивачите кои првите игри на Oculus ќе ги испорачаат во првото тримесечје и тоа ќе бидат првите игри. Од тука ќе започне мини-револуција во гејминг индустријата бидејќи виртуелната реалност ќе донесе комплетно нова димензија на начинот на кој се играат игрите. Но, иднината е далеку ако се следи реалноста. Слични нови уреди како Kinect и Nintendo Wii, кои ги отстранија тастатурите, глувчето и џојстикот од игрите, успеаја само да донесат новини и неколку нови игри. Но, не ја променија индустријата.
EVE: Valkyrie ќе биде една од првите игри кои ќе доаѓаат во виртуелната реалност, а играта ќе им биде испорачана на сите купувачи на Oculus Rift кои своите уреди ги нарачаа во препродажба.