0 коментари 1 мин. читање

Енди Рубин, креаторот на Android го покажа новиот проект

Креаторот на најпопуларниот оперативен систем, Енди Рубин, во јануари ја најави новата компанија. По софтверот, г. Рубин ќе го напаѓа пазарот на хардвер со Essential. Неодамна тој го покажа телефонот, иако деталите не беа премногу јасни за да се добие целосната слика…

Она што може веднаш да се забележи е дека е телефон чиј што екран го зафаќа целиот простор. Претходно Bloomberg пишуваше за тимот на Essential кој е составен од околу 40 вработени, во најголем дел инженери од Apple и Google. И самиот г. Рубин откако го крерираше Android беше дел од тимот за роботика на Google.

Она што го знаеме за телефонот е дека станува збор за „high-end“ уред кој ќе доаѓа со Android. Ова може да се забележи и од првата слика на уредот. Без сомневање повеќе податоци ќе дознаеме во периодот кој следи…

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top