Акцелераторот IMPACT Growth ги очекува вашите проекти

IMPACT акцелераторот започнува со нов меѓународен циклус. Она што е интересно за локалната стартап сцена е што и македонските стартапи може да се пријават за учество. Добра  вест е што преку ко-основачот на Fueloyal, Игор Христов, имаат можост за здобивање сo искуства.

Во оваа рунда 28 стартапи ќе добијат инвестиција од 100.000 евра. Два од овие стартапи ќе добијат 250.000 евра, а четирите најдобри ќе се натпреваруваат за инвестиција од 1.5 милиони од инвеститорите.

Пријавувањето е веќе отворено и ќе трае до 9 мај. За заинтерисираните апликанти од Македонија на 3 април во CEED Hub Скопје е организирана и инфо-сесија. На овој настан ќе може да присуствуваат сите заинтересирани и да се консултираат со г. Христов. Ко-основачот на Fueloyal е и добитник на инвестиција во првата рундата на IMPACT инвестициите. На овој настан ќе ги сподели своите искуства во процесот на акцелерација.

Фокусот на оваа инвестициска рунда ќе биде во четири главни столбови:

  • Паметна инфраструктура и градови, поддржани од Ferrovial Servicios;
  • Паметна содржина, поддржана од DOCOMO Digital ;
  • Паметно земјоделство и аграр, поддржани од Danone;
  • Паметен производствен процес во партнерство со MADE (Lego).

Подеднакво важно како и инвестициите, кога IMPACT е во прашање е и менторството и тренинг програмата. Овој пат практично искуство ќе се добива во неколку центри, помеѓу кои се: Мадрид, Копенхаген и Барселона. Претприемачи ќе имаат пристап до меѓународна мрежа на повеќе од сто признати ментори, основачи на стартапи и инвеститори, сите експерти во различни клучни области за стартапите.

Зошто да се пријавите?

Секако, средствата ќе бидат прва мотивација за сите стартапи. Но знаењето здобиено во процесот на акцелерација е непроценливо. Искуството на IMPACT во изборот на стартапи значително ќе им помогне на компаниите во оваа фаза. Досега инвастирале над 6.4 милиони евра во над 2.600 стартапи во 42 компании. Еве дел од придобивките:

  • 63 акцелерирани проекти со инвестирани 100.000 евра;
  • Акцелираните стартапи го зголемиле бројот на вработени од 4.3 на 6.2;
  • Раст на надворешните инвестиции од 188.000 евра пред IMPACT на 360.000 по акцелерацијата.
  • Во просек стартапите кои минале низ акцелерацијата на IMPACT ги дуплирале своите средства.

За сите заинтересирани инфо-сесијата се одржува на 3 април од 17:00 во Ceed Hub Скопје.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] редовните Акцелераторска и Пред-акцелераторска програма за стартапи, во […]

trackback

[…] редовните Акцелераторска и Пред-акцелераторска програма за стартапи, во […]