GG.mk стартуваше пред два месеци со ентузијазам да ги врати видеоигрите на репертоарот. И им успеа. Можеби не успеаја да се договорат со телевизиите, но најдоа попаметно решение и започнаа со стримање на Twitch. Популарната платформа им помогна да станат популарна емисија која по само 10 епизоди и еден куп рецензирани игри, стигна до над 40.000 прегледи на Тwitch, и над 10.000 прегледи на YouTube. Покрај емисијата, дечките стримаат игри на Тwitch што допринесува до нивната интеракција со фановите. Засега Гораст, Данко, Наум и Бобо прават одлично шоу, кое би можело да прерасне во посеризно гејминг платформа, што е и нивна желба.
[youtube]JGJ7KK_cFzQ[/youtube]
Коментари
4 коментари
Коментарите се затворени.