0 коментари 1 мин. читање 1 август, 2014

Eloquent JavaScript ќе ве научи да креирате апликации во популарниот програмски јазик

Веќе постојат еден куп сајтови, ресурси и книги кои им овозможуваат на корисниците бесплатно да ја научат една од најважни вештини во моментов – да научат да програмираат. Меѓу нив е и бесплатната Eloquent JavaScript, книга издадена под Creative Commons лиценца, чиј автор, Марјин Хавербик, е креаторот на Code Mirror. Книгата ги запознава читателите со основите на кодирањето, но дел од последните поглавја им помагаат на корисницте да креираат сопствени апликации, како на пример, веб-базирана платформска видеоигра или апликација за цртање.

Eloquent JavaScript е издадена со помош на неколку поддржувачи кои донираа средства за издавањето. Помеѓу донаторите се Mozilla, Hack Reactor и Ghostery, а веќе се работи на е-Книга и на верзија прилагодена за принтање.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top