Електронско потпишување документи со SignEasy

Порано или подоцна, сте се нашле во ситуација кога сте требале да потпишете или да ви се потпишат електронски на некој документ. SignEasy е апликација која го прави таквото искуство исклучително лесно. SignEasy бесплатно ги нуди сите можности за електронско потпишување документи, независно од тоа дали се работи за PDF, word/ excel документ, или пак слика во jpeg форматот.

Со SignEasy, еден ист документ може да биде дигитално потпишан од 3 луѓе, вклучувајќи го и креаторот на акаунтот. Во случај да имате потреба од повеќе од три потписници, потребно е да ги искористите потенцијалите на Freestyle услугата.

Доколку сакате, секојпат кога се потпишувате на некој документ можете да внесете и дополнителни податоци како име и датум, да вметнувате полиња за штиклирање или слики како лого од вашата компанија. Од некоја невообичаена причина, особено се израдувавме кога видовме дека вашиот дигитален потпис може да биде во црвена, сина или плава боја.

Remote Signing опцијата е тука да ви дозволи да испратите документ за потпишување заедно со потсетник дека се бара приоритетен потпис и има краен рок.

Како што ви кажавме, SignEasy е бесплатна алатка, но доколку сакате да го искористите максимумот, односно сите од горе-наведените функции, тогаш е потребно да разгледате некој од нивните планови за претплата.

Во случај да не ви се допаѓа она што ќе го најдете во SignEasy, тогаш дефинитивно насочете го вниманието на Adobe Fill & Sign. Ова е уште една одлична и бесплатна апликација која ви помага за брзо пополнување, потпишување и испраќање форми. Благодарение на едноставниот дизајн, лесно можете да скенирате отпечатена форма со вашиот телефон и таквиот дигитален скен потоа да го пополните, потпишете и испратите на саканите лица.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk