Затвор за хакерот кој ги објави разголените фотографии на јавните личност

Хакерот кој ги проби iCloud профилите на холивудските ѕвезди и ги објави нивните разголени видеа и фотографии ја дочека заслужената казна. Џорџ Гарофано ќе мора да одлежи 8 месеци во затвор, што изгледа како блага казна.

Жртви на нападот беа 240 луѓе, помеѓу нив неколку супер популарни актерки и спортистки. Џенифер Лоренс, Хоуп Соло, Кирстен Данст и уште многу други беа жртви на овој напад. Обвинителот бараше помеѓу 10 и 16 месеци што секако повторно не е премногу со оглед на тоа дека Гарофано објави и можеби продаде интимни слики и податоци од 240 жртви.

Џорџ Гарофано се изјасни за виновен во април. Нападот и не бил премногу софистициран. Г. Гарофано им се јавувал телефонски на жртвите лажно преставувајќи се како претставник на Apple и од нив ги добивал лозинките и корисничките имиња.

Казната на 26 годишниот Гарофано не завршува со затворот. По излегувањето го чека 3 годишна контрола. Г. Гарофано е последниот осуден за овој случај, претходно три негови соработници беа осудени на казни затвор помеѓу 9 и 18 месеци.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk