The Elder Scrolls Online е бесплатна за играње недела дена

Од денес, ММО играта The Elder Scrolls: Online стана бесплатна за играње. Ваквата транзиција е привремена и трае само една недела. За тоа време, сите можат бесплатно и без никакви рестрикции да навлезат во огромниот свет на Тамриел, а и да купат премиум содржини од продавницата со подарените 500 круни. Во случај да ви се допадне виденото и да сакате да го продолжите престојот по 18.април, за кога е предвиден прекин на бесплатниот пробен период, играта се продава со попуст, а напредокот кој сте го направиле за таа недела целосно се префрлува.

Бесплатниот пробен период е овозможен не само за PC и Mac, туку и за PlayStation 4 и Xbox One играчите.

Нам нѝ се допадна префрлувањето на еден од нашите омилени светови во ММО водите. Основната игра е неверојатно долга и преполна со квестови кои можете да ги завршите сами или со пријател. Четирите последователни додатоци даваат дополнителна длабочина на играта, не само во приказната туку и со нови локации и гејмплеј елементи. За жал, оние кои ќе навлезат во Tamriel Unlimited очекувајќи заедничко дружење и во зандани, би можеле да бидат разочарани затоа што времето за чекање знае да биде исклучително долго. Таквото нешто, меѓутоа, би можело да се промени со бесплатниот, пробен период.

Ваквата промоција доаѓа поради желбата на студиото да привлече што е можно повеќе играчи пред излегувањето на нивната прва, голема платежна експанзија, The Elder Scrolls Online: Morrowind, предвидена да излезе во јуни.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk