8 коментари 2 мин. читање

Бугарскиот министер за е-Влада Божидар Божанов e рангиран како 40-ти на Stackoverflow

Оваа недела по 254 дена без Влада, Бугарскиот парламент ја избра новата Влада на Бугарија. Она што е поинтересно е дека новоизбраниот министер за е-Влада – Божидар Божанов е 40-ти на листата на Stack Overflow и со ова е во 0.01% од корисниците на платформата.

Bozho на Stack Overflow има 137 златни значки, 1039 сребрени значки и 1128 бронзени значки, а неговите 5614 одговори стигнале до 91,5 милиони корисници. Најголем дел од поените ги добил за програмскиот јазик Java, што е и разбирливо со оглед на тоа дека е сениор јава програмер.

„Доаѓа од мојот град. Заедно учевме во основно училиште, потоа во средно беше пријател со мои другари. Само што зборувавме како во првата година програмирање требале да нацртаат едноставна слика во Pascal, а Божо креирал цела игра со две човечиња кои се борат“, вели корисникот со име sabotourAssociate на Reddit.

Божидар Божанов е роден на 19 август 1987 во Бургас, Бугарија. Студирал на Универзитетот во Лондон, а магистерски студии завршил на Goldsmiths College. Од 2016 до 2020 бил советник во Владата како дел од тимот кој ја изработил стратегијата за е-Владата. Основач е на: https://logsentinel.com/ (LogSentinel SIEM), платформа за онлајн приватност и заштита на податоци;  https://logsentinel.com/sentineldb (складиште на податоци прилагодено на GDPR); http://computoser.com (софтвер за алгоритамско генерирање на музика)

„Носењето закони е речиси како програмирање (со таа разлика што не го регулира однесувањето на компјутерот, туку го регулира јавниот живот, ова е многу покомплексно и поважно). Веќе имам пристојно искуство со носење закони, а пишувањето подобри, попрецизни и подобри „дигитални“-закони е нешто што сакам да го правам и сметам дека е важно“, вели Божанов на својот блог.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Forum replies (7)Kоментари на статија (1)

Се вчитуваат нови одговори…

Fatal1ty_

Großmeister

23,803 пораки 33,942 лајк

А што претставува е-влада всушност?

одговори Лајк

S
Sancho Sanchez

hello world

272 пораки 294 лајк
  • Дали сметате дека програмерите имаат добри предиспозиции за јавна функција?

И за министер за здравство се бира доктор по медицина насекаде низ светот, па последните 2 години убаво ни покажаа шо се знаат да му направат на народот за тие пусти пари и власт.

Зошто со програмерите би било поинаку?

одговори 1 Like

pipelin

Caffeine & IT.mk

2,720 пораки 3,393 лајк

Бранко во Еден на Еден имаше еден исечок каде што го збори сето она што јас го мислам за системот наш распаднат. Не мора да значи дека не може да се промени но проблемот е тој. Видеото е тука.

Човеков буквално од А до Ш ја кажа вистината.

Така да еве и кај нас и да стават некој што е ентузијаст, ИТ, нај нај човек за таа функција, другите ќе го саботираат и нема да може да претне, или едноставно ќе го лимитираат.

Ќе земам мал пример (да избегнеме политика само): Градоначалникот на Гостивар кој не од партии од власта, имаше убави идеи кои лесни беа за реализација. Кога победи сите ингеренции власта му ги зема и мораше секоја инвестиција или било каква активност која е од корист за граѓаните да мора да биде потпомогната од донации (од Турција).

Познавате до сега некој кој бил на функција а да си ја вршел работата за кој што бил назначен?

одговори 3 лајкови

null_ptr

Модератор

1,047 пораки 1,133 лајк

и да се најде начин да смениш нешто во системот, ќе го направат дека не е легално така :)

одговори Лајк

Banjifiko

poweruser

3,962 пораки 6,055 лајк

Познавате до сега некој кој бил на функција а да си ја вршел работата за кој што бил назначен?

Да, Драган Тевдовски. Не беше играч, и го сменија.
И ако на нашиве не им беше добар за министер, на извршниот директор на ММФ му е добар за советник...

одговори Лајк

damil

user

1,067 пораки 1,361 лајк

Бранко во Еден на Еден имаше еден исечок каде што го збори сето она што јас го мислам за системот наш распаднат. Не мора да значи дека не може да се промени но проблемот е тој. Видеото е тука.

Човеков буквално од А до Ш ја кажа вистината.

Така да еве и кај нас и да стават некој што е ентузијаст, ИТ, нај нај човек за таа функција, другите ќе го саботираат и нема да може да претне, или едноставно ќе го лимитираат.

Ќе земам мал пример (да избегнеме политика само): Градоначалникот на Гостивар кој не од партии од власта, имаше убави идеи кои лесни беа за реализација. Кога победи сите ингеренции власта му ги зема и мораше секоја инвестиција или било каква активност која е од корист за граѓаните да мора да биде потпомогната од донации (од Турција).

Познавате до сега некој кој бил на функција а да си ја вршел работата за кој што бил назначен?

Многу убаво си објасни човекот.

Меѓу другото, ништо не можеш сам, ако тие што ги носиш со тебе или што ти се наследени се неспособни, џабе ти е ти да си најпаметен и најдобар.

одговори Лајк

krema

OG

15,736 пораки 15,830 лајк

Многу поопасни се големи јатаци на волци кои играат оро околу соодветните министри.

одговори 2 лајкови

Comments are closed.

Мени
Заедница
Изглед
To top