Entropy Survivors е Vampire Survivors, но на sci-fi откачен начин!

Avatar img-thumbnail img-circle

во гејминг

Грубо кажано, Entropy Survivors e научно-фантастична верзија на Vampire Survivors. Бирате мапи на кои обично имате за цел да издржите одредено време. Како поминува времето, така е се потешко и потешко да излезете на крај со легија од најразлични непријатели.

Со секој непријател кој го убиете собирате искуствени поени, злато, црвени кристали или комбинација од трите. Кога ќе соберете доволно искуствени поени, ќе може да се надградите и да изберете една од три понудени способности. Овие способности се извлекуваат по случаен избор и може статистички да ги зголемат вашите способности, како поефикасно убивање и подобра регенерација, или привремено да отклучат целосно нови способности, како поставување процепи кои успоруваат непријатели и проектили, или борбардирање со чевли (да, чевли). Еј, кажавме дека е sci-fi, но не и дека е озбилна sci-fi. Таквото нешто се огледа и од херојот со кој играте – жапче на робот. Имено, жапчето користи огнено оружје, а роботот – студено.

Ако искуственитe поени ви дозволуваат да отклучувате способности кои траат само за време на ранот, златото ви дозволува да отклучите трајни способности кои се активни за време на сите идни преигрувања. До овие надградби доаѓате помеѓу рановите, а можете трајно да зголемувате здравје, напади, движење и ред други работи кои ве прават статистички посилни. Во областа каде ги правите овие надградби, ќе можете и да ги надградувате сите надградби што рандомно и привремено ви се сервираат за време на рановите. Надградба може да се прави во најразлични области и со трошење на црвените кристали.

Ова не е крај на правење значајни подобрувања. Напротив, од истиот хаб можете да менувате и надградувате некое од дванаесетте оружја (шест за жабата и шест за роботот). Паралелно со тоа, ќе работите и на отклучување и користење на различни класи. Секоја од осумте класи се одликува со уникатна улта и различни статистички вредности побрзани со офанзивните и дефанзивните параметри. Башка, изгледаат различно, а и можете дополнително да им го менувате изгледот.

Нам ни се допадна Entropy Survivors. Играта нуди одлична графика која прикажува невообичаени светови. Со разиграна музика и забавни гејмплеј механики, шансите се дека ќе имате часови впечатлива забава.

Повеќе детали за играта

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments