0 коментари 2 мин. читање 20 јануари, 2016

Една од првите друштвени мрежи Friends Reunited се гаси по 16 години

Ако некогаш сте се запрашале како изгледа смртта на некоја социјална мрежа, сега преку крајот на Friends Reunited имате можност за седиште во првиот ред. Friends Reunited е социјална мрежа стартувана во 2000-та година и која никогаш не беше најпопуларна, иако во најдобрите денови имаше околу 25 милиони корисници. Сега бројот на корисници е минимален, а мрежата веќе му здодеа и на основачот Стив Панкурст кој планира затворање и започнување на нов проект.

За среќа г. Панкурст ја продаде Friends Reunited на ITV за 250 милиони долари. Тој повторно се најде во компанијата во обид да ја заживее социјалната мрежа во оваа ренесанса на мрежи. Но, и самиот призна дека шансите за успех и заживување на нешто што е старо и во опаѓање, вели за Daily Mail.

Она што е интересно дека од 10 милиони регистрирани корисници, сепак само мал број ја користат мрежата. Оние што сè уште ја користат го прават тоа за испраќање на пораки. Можеби креирањето на ваков форум/апликација би било поинтересно и за преостанатите корисници.

Сепак новиот проект на г. Панкурст не е социјална мрежа. Life е место на која можат да се зачуваат слики, и за разлика од сите останати социјални мрежи сликите не се споделуваат. „Life ќе биде одличен за да го зачувате животот на детето низ слики и сеќавања. Но, сакам да можам да се вратам во минатото, да го мапирам животот на татко ми со разговори со мајка ми.“

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top