Amnesty International ги обвини Apple, Microsoft и Samsung за злоупотреба на деца

во Свет

Најголемите ИТ гиганти Apple, Microsoft и Samsung наскоро би можеле да имаат сериозен проблем со задржување на својот имиџ пред јавноста. Компаниите заедно со други се обвинети за злоупотреба на деца во рудниците за минерали кои се користат во електрониката за нивните уреди. Станува збор за рудниците за кобалт во Конго во кои работат и седумгодишни деца, јави Amnesty International.

Невладината организација објави сведоштва од рудниците, меѓу кои се и сведоштва на малолетници кои се принудени да копаат минерали. Од рудниците во Конго се копа речиси половина од кобалтот во целиот свет. Но, во овие рудници работат над 40.000 деца. „Започнав да копам кога има 12 години. Поминував и 24 часа во тунелите. Пристигав изутрина и ќе си заминев следното утро. Физиолошките потреби ги завршував во рудникот…“, вели четиринаесет годишниот Пол кој во рудниците го испратил неговиот потатко. Условите за работа се ужасни, а само во рудниците на југот на Конго последните неколку месеци загинале над 80 работници.

Кобалтот се користи за изработка на батерии во сите уреди на Apple, Samsung, Microsoft, но и сите останати производители. Компаните се бранат дека не знаат од каде доаѓаат материјалите кои го користат во своите уреди, а шест од компаниите веќе отворија истрага. Една од компаниие кои веднаш одговори е Apple велејќи дека од компанијата не толерираат злоупотреба на деца. Ова не е прв пат компанијата да се споменува во контекст на експлоатација на деца, пред неколку години слични обвинувања дојдоа за фабриката каде Apple ги склопува уредите, Foxconn.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk