0 коментари 2 мин. читање 27 јуни, 2017

Една лажна вест доволна да предизвика загуба од 4 милијарди долари

Лажна вест за смртоносна сообраќајна несреќа на Виталик Бутерин, креаторот на ethereum валутата, ја „бутна“ вредноста на валутата под 300 долари. Овој пад предизвика вкупна загуба од 4 милијарди долари.

Веста започна од 4Chan форумот, но набрзо ја преземаа и дел од медиумите. Приказната на крај испадна лажна, но дознавме дека за вредноста на ethereum, клучно е здравјето на креаторот на криптовалутата. Г. Бутерин го искористи Twitter за да понуди доказ за својата состојба. Како доказ, искористи фотографија со ethereum блок број и соодветен хаш.

Наскоро по веста дека е жив и здрав, падот на валутата престана и ethereum врати 10% од загубите. Интересно, висината на ethereum зависи од здравјето на креаторот, но за bitcoin не се знае ниту неговото име. Г. Бутерин нема никакво влиjание ниту на мрежата, ниту на софтверот, единствено е заштитно лице на компанијaта, вели Quartz.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top