0 коментари 2 мин. читање 6 октомври, 2017

Edge од Microsoft доаѓа и на iOS и Android

Не баш новиот прелистувач на Microsoft, Edge, наскоро пристига и на Android и на iOS. Истовремено со ова, на Android пристига и Microsoft Launcher за Android. Апликациите се крирани за лесна синхронизација помеѓу уредите и лесно префрлање од еден на друг уред, вели Џо Белфиоре на блогот на Microsoft.

Засега прелистувачот е во тест фаза и тоа единствено на iOS. Тест апликацијата за Android ќе биде достапна за неколку недели.

Апликациите се дел од планот на Microsoft да се обиде да ги „прибере“ корисниците од iOS и Android. Ова е одлична идеја. Бројот на корисници на Windows на овие платформи е значително поголем од бројот на корисници кои доаѓаа од Windows Phone.

Она што ќе го овозможуваат апликациите е брзо префлање од еден на друг уред. На Edge корисниците ќе можат набрзина да го префлат  прегледувањето на некоја страница од телефонот, на компјутерот. Секако двете верзии, и мобилната и декстоп верзијата ќе имаат синхронизирани: „Favorites“  и „Reading List“.

Image courtesy of Microsoft

Microsoft Launcher доаѓа единствено на Android уредите. Причината за ова е што Apple не дозволува промени на „iOS launcher“. Станува збор за надградба и ребрендирање на веќе постоечкиот Arrow Launcher. Microsoft Launcher им овозможува на корисниците да постават икони од луѓето кои почесто комуницираат на Home екранот. Повлекувањето на десно овозможува брз преглед низ настаните, активностите, вестите и најчесто користените апликации.

И за Edge и за Launcher потребна е Windows 210 Fall Creators надградбата на оперативниот систем. Засега оваа надградба е достапна единствено за учесниците на Insider програмата. Официјално надградбата започнува на 17 октомври.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top