Дигитална Tрансформација #2 – Од каде да почнете?

во Совети

Ова е гостински текст од компанијата за едукација Brainster, кој е дел од IT.mk серијалот тeкстови на тема „Дигитална Трансформација“.


Многу извршни директори велат дека се фокусирани на дигитализација на своите бизниси. Дали имаат пропуштено некои од чекорите?

Во претходниот текст зборувавме за тоа колку е важна дигиталната трансформација на компаниите. Ако сметате само на иновативната технологија што се користи во вашата индустрија, ќе се најдете зад конкурентите кои веќе го дигитализираат и автоматизираат секој процес на работењето.

Тоа е причината зошто принципот на “еден модел одговара на сè” не функционира кога станува збор за дигиталните стратегии. Никогаш нема да можете да следите точна мапа бидејќи екстерните фактори секогаш ќе ви фрлат по некое погрешно парче и неочекувано обликувани алатки во вашата работа. Ова се неколку чекори, вредни за размислување пред да се впуштите во дигиталниот свет.

1. Што сакате да постигнете?

Пред да започнете со дигитално трансформирање на вашиот бизнис, визуелизирајте каде сакате да го видите во иднина. Јасна и концизна слика е доволен чекор за да ја стартувате промената. Процесот започнете го со размислувањето дека треба да се трансформирате и дека не постои опцијата “План Б”.

2.  Размислувајте поинаку

Можеби најтешката работа околу дигитализацијата е недостатокот на дигитално знаење и вештини. Особено за луѓето кои ја насочиле својата кариера кон полето на општествените науки како психологија или човечки ресурси. Дигиталниот начин на размислување не е врзан само за технологијата, туку вклучува љубопитност, мултидисциплинарност, на комплексни проблеми и креативност (дел од 10-те потребни вештини до 2020 година според Светскиот Економски Форум)

3. Отстранете ги блокадите на патот

Ако сте веќе етаблиран бизнис не постои избегнување на овие промени, секако доколку сè уште се надевате на релевантност и конкурентност дури и по 10 години од сега. Преку анализа на празнините помеѓу статусот кво и крајната цел, ќе ги избегнете главните пречки како безбедност на податоците и IT системите.

4. Редефинирајте ги старите бизнис модели

Дигиталното трансформирање не е еднакво на старт од нула. Секогаш можете постоечките бизнис модели да ги подобрите преку иновации во процесите, трошоците и управување со производот.

5. Тестирајте додека трансформирате

Секој кој се обидел да го трансформира својот бизнис со цел најдобро да перформира, знае дека не е лесно. Овие промени ги следи брзо темпо и секогаш е време за тестирање. Најдобар начин да се постигне баланс е да создадете детален план, да се осигурате дека ги имате потребните вештини во вашата компанија и да се фокусирате на крајната цел.

6. Вработените мора да се дел од големата сложувалка

Дигиталната трансформација е брод кој не може да плови додека не се качат сите на палуба. Вклучувајќи го само IT секторот е една од најголемите грешки кои може да ги направите бидејќи целиот процес влијае врз секој аспект на бизнисот. Што ако ви кажеме дека секој вработен може да биде дел од вашата трансформација?

7. Тука започнува вашето дигитално дејствување

Ако помисливте дека ова е крајниот и последен чекор, ве чека многу работа. Прифатете го фактот дека ќе мора да учите додека работите и дека секојдневно ќе имате нови предизвици. Работите ќе се менуваат на дневна база, но најважно е да започнете. На крајот на денот сепак креирате нешто вредно за вашиот бизнис што ќе додаде голема вредност на целото ваше работење и ќе добиете посреќни клиенти. Никој не рече дека 21-от век ќе биде лесен.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments

ит кариера

Digilink Konsalting

Java Script Developer

Matrix IT Global Services Macedonia

Technical Support Specialist

Matrix IT Global Services Macedonia

Marketing Strategist

види ги сите огласи на kariera.it.mk