0 коментари 1 мин. читање

Еден биткоин сега вреди рекордни 1.000 долари

Дигиталната валута Биткоин не престанува да ги руши рекордите, цената на една монета на Mt. Gox достигна 1.000 долари. Цената е во пораст и на останатите берзи и во моменот просечна цена на монетите е околу 945 долари. Со оваа цена вредноста на биткоините кои се во оптек достигнува вредност од 11,4 милијарди долари.

Цената на еден биткоин пред еден месец беше 200 долари, а оттогаш е порасната речиси пет пати. Порастот се должи на се поголемиот интерес на инвеститорите, но и на се поголемиот интерес за валутата на кинескиот пазар. Покрај се поголемиот овојпат позитивен медиумски интерес се поголем е и бројот на продавници кои ја прифаќаат дигиталната валута.

Над 250 продавници објавија дека овој „Black Friday“ ќе прифаќааат уплати со дигиталната валута. Целта на оваа акција е подигање на профилот на биткоин, со што повеќе корисници ќе го користат и ќе го направат потежок за регулација. Прифаќањето на биткоините, ќе овозможи поголем бенефит за продавачите, бидејќи трансакциите во биткоини ќе поминат без дополнителни уплати за трансакциите кои ги наплаќаат банките.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top