Anonymous ја стартува oперацијата „Ослободете го Асанж“

во Свет

Хакерската група Anonymous ја започна новата акцијата OpFreeAssange со напаѓање на владините веб сајтови на Велика Британија во знак на протест против односот на властите кон основачот на Wikileaks, Џулијан Асанж. Во моментот, некои од веб страниците на министерствата, како и на премиерот, сѐ уште не се во функција.

Целта на нападот е да се одбрани основачот на контроверзниот сајт, Џулијан Асанж, кој моментално се крие во амбасадата на Еквадор во Лондон. Јужноамериканската земја неодамна му даде азил, но британците велат дека ако г. Асанж излезе од амбасадата ќе биде уапсен поради прекршување на условната казна. Основачот на Wikileaks треба да биде екстрадиран во Шведска каде ќе му се суди за силување на две девојки. Но, според него, целото судење е само „лов на вештерки“ на американските власти кои сакаат да го дискредитираат него и да го замолчат сајтот кој објави илјадници доверливи документи од американски дипломати, и од војната во Ирак и Авганистан.

„САД се наоѓа на раскрсница на која мора да одлучи дали ќе е врати и ќе ги потврди револуционерните вредности врз кои е создадена, или ќе нѐ повлече во опасен свет во кој новинарите ќе замолчат од стравот за прогонување.“, вели г. Асанж во својата порака кон претседателот Обама.

Што се однесува до Anonymous, хактивистите соработуваа со Wikileaks при објавување на одредени доверливи документи, и во г. Асанж гледаат некој кој се бори за слободата на информацијата, што е една од агендите на групата.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments