Корејскиот производител на автомобили Hyundai најави три нови електрични возила. Првиот автомобил ќе биде претставен во 2021.
Ioniq возилата се дел од визијата на Hyundai за иднината. Првото возило кое ќе започне со продажба е Ioniq 5, градско-теренско возило. Следната година (2022) ќе започне продажбата на Ioniq 6, базиран на концепт возило Prophecy кое Hyundai го претстави оваа година. Теренското возило Ioniq 7 ќе започне со продажба во 2024 година.
Она што е поважно е дека со овие возила Hyundai започнува со нов концепт, кој го нарекуваат „Electric Global Modular Platform“. Со ова компанијата поедноставно ќе може да креира и да менува делови од возилата, од внатрешноста, до каросеријата.
Hyundai има неколку футуристички концепти на транспорт кои значително ги надминуваат овие електрични автомобили. Во 2019 компанијата презентираше неколку концепти на транспортери кои можеа во зависност од потребите да ги заменат тркалата со „нозе“. Интересно и во овој концепт фокусот на дизајнот беше модуларноста и флексибилноста на возилата.
Ke bide interesno da se vidi sto moze Hyundai da plasira od EV