Duolingo ги прошири можностите за напредно учење јазици

Duolingo е платформа која на бесплатен и исклучително успешен начин ви дозволува да се втурнете во мисиите за учење нов јазик. Многумина корисници се импресионирани од забавните и уникатни начини за впивање нов јазик во кратки дози, но оние кои копнееја по напредни можности остануваа со празни раце.

Не повеќе.

За сите оние кои сакаат да одат на следното, повисоко ниво, Duolingo има подготвено нови форми. Па така, напредните ученици имаат на располагање таканаречени Crown Levels со кои можете подлабоко да навлезете во одредени вештини, а да преминете на наредната фаза кога навистина сте сигурни дека сте спремни. Имено, има пет нивоа на тежина, со потешки реченици или со повеќе пишување како напредувате. Паралелно со ова, на располагање имате и нови вежби како и фонетско-засновани тестови за вежбање изговор и способност за пишувате додека слушате, се со цел а се охрабри подобро слушање.

Карактеристично за Duolingo, имате целосно слобода во бирање што сакате подлабоко да научите. За оваа алатка зборувавме во неколку наврати, првин ве охрабривме да зборувате валиријан, а потоа и клигонски, за да на крај ве известиме во огромната успешност на алатката, која има насобрано над 100 милиони корисници.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments