Ако сте сопственик на NES конзолата, тогаш без сомневање се сеќавате на Duck Hunt. Играта беше единственатa која доаѓаше со конзолата, а можеше да ја играте со пиштолот.
Играта не беше премногу сложена. Патките излетуваат од грмушките, а играчот го насочува пиштолот и пука, и така до недоглед. Добра вест е дека има нова игра Duck Season. „Продолжението“ е игра во виртуеланта реалност која многу не се разликува од оригиналот.
Верниот пес кој ги собира патките или ви се смее кога ќе промашите и овде ја има истата задача, но во текот на играњето ќе дознаеме дека сепак не е се како што изгледа. Играта има седум различни краеви, повеќе различни патишта до крајот и скриени видеа кои може да ги откриете додека играте.
Можеби најинтересен е концептот кој е многу сличен со Pokemon за телефони. Студиото користи носталгична приказа од детството и овој пат завиткана во нова технологија.








Whether practicing skills or battling top competitors, basketball stars offers thrilling basketball entertainment for players who enjoy fast-paced sports action.