Државниот инспекторат за животна средина го направи првиот „лет“ во потрага по загадувачите. За прв пат во Македонија на 29 јануари се направени снимки со помош на дрон за поефикасен инспекциски надзор. Првото снимање е реализирано во општина Карпош м.в. Момин Поток и Градски парк Скопје на 29 јануари, 2018 година.
Од инспекторатот најавуваат дека нема да застанат на ова и инспекциите со дрон продолжуваат на територија на целата држава. Видео снимките ќе им бидат достапни јавно на граѓаните, а треба да послужат за намалување на загадувањето на цела територија на Македонија.
Со ова Државниот инспекторат за животна средина се приклучува кон европските инспекторати за животна средина од мрежата IMPEL. Тие веќе користат паметни алатки во функција на зголемување на ефикасноста на инспекциските надзори.
Како да ги користиме дроновите во битката против загадувањето, читајте во текстот на Матеј Плавевски во кој детално зборува за дроновите опремени со PM сензори.