Друштвените мрежи пред испит од вештачката интелигенција на европскитe избори

Avatar img-thumbnail img-circle

во ИТ.ЕУ

Брзиот развој на вештачката интелигенција носи нови досега непоминати предизвици за друштвените мрежи и нивното влијание врз демократските процеси. Изборите кои во јуни ќе се одржат во Европската Унија ќе ги стават пред сериозен испит друштвените мрежи.

Споделување на генерирани видеа, слики и аудио фајлови ќе бидат дел од алатките со кои малициозни напаѓачи ќе се обидат да влијаат на изборите во иднина, смета британскиот министер за внатрешни работи Џејмс Клеверли.

Компанијата Meta ќе формира тим кој ќе треба да се справи со обидите за влијание со помош на вештачка интелигенција на изборите за претставници во Европскиот парламент. Изборите ќе се одржат во сите 27 држави членки на Европската Унија од 6 до 9 јуни.

Во периодот пред изборите Meta ќе активира Центар за изборни операции (Elections Operations Center) во Европа. Овој центар ќе треба да ги анализира активностите, да ги открие опасностите, и да воведе мерки за намалување на штетите. Во центарот ќе бидат вклучени експерти за разузнавање, data science, инженеринг, истражување, операции, политика за содржини и правни тимови.

„Од 2016 година инвестиравме над 20 милијарди долари во безбедноста и четирикратно ја зголемивме бројката на нашиот глобален тим кој работи во оваа област на околу 40 000 луѓе. Овде се вклучени и 15 000 лица кои ја прегледуваат содржината на Facebook, Instagram и Threads на над 70 јазици, вклучувајќи ги сите 24 официјални јазици во Европа.“ , вели Марко Панцини на блогот на Meta.

Дополнително, компанијата ќе отвори уште 3 центри за проверка на факти во Бугарија, Франција и Словачка.

Кога ќе биде пронајдена содржина со која се шират дезинформации, вклучувајќи и содржина генерирана од вештачка интелигенција, објавите ќе бидат одбележани со предупредување, ќе бидат со намалена видливост и нема да може да бидат дел од спонзорирани објави и реклами.

Европски парламент, Стразбур, Франција – Фотографија на Frederic Köberl / Unsplash

Facebook не е единствена компанија која се подготвува за изборите во Европа. Најбрзо растечката друштвена мрежа за споделување на видео содржина TikTok, работи на сопствено решение. TikTok ќе додаде „изборни центри“ во апликацијата, на јазиците на државите членки на Унијата. Плановите се овие центри да бидат извор на проверени информации и тука корисниците на платформата да можат да ги пронајдат сите релевантни податоци.

Напредокот на вештачката интелигенција во последната година значително влијае на креирање на нови начини со кои може да се измамат гласачите. Веднаш по претставувањето на Sora на OpenAI започнаа шпекулациите за потенцијалното влијание на овие видеа на претседателските избори во САД. Поради тоа што OpenAI не дозволува генерирање на ликови на јавни личности веројатноста дека ова ќе биде главен начин за манипулација не е голема. Сепак, генерирани видеа би можеле да се користат. На пример видеа на гужви пред изборните центри кои ќе ги одвратат гласачите. Sora е и повеќе од способна да генерира веродостојни видеа.  Веројатно нема да биде достапна за изборите за Европскиот парламент, ама ќе излезе таман за претседателските избори во САД.

„Sora е апсолутно способна да создаде видеа што би можеле да ги измамат луѓето. Видеото не треба да биде совршено за да биде веродостојно, бидејќи многу луѓе сè уште не сфаќаат дека видеото може да се манипулира подеднакво лесно како и сликите“, вели Рејчел Тобак од SocialProof Security.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk