1 коментар 2 мин. читање 28 февруари, 2013

Dropbox хостира милијарда датотеки дневно, вели Дру Хјустон

На Mobile World Congress во Барселона кој се одржува уште денес, извршниот директор на Dropbox, Дру Хјустон откри неколку интересни податоци за својот сервис во облакот, како дека бројката на датотеки кои се прикачуваат на овој сервис секој ден изнесува неверојатни една милијарда.

Г. Хјустон откри и дека Dropbox има повеќе од 100 милиони корисници, а до крајот на 2013-та се очекува да ја надминат бројката од 150 милиони. Тој најави и партнерство со Samsung и HTC, чии корисници би добиле дополнителен простор на Dropbox, а сервисот во моментот се пристапува преку 500 милиони различни уреди.

Dropbox го заработи своето прво место покрај неколкуте веб складишта на големите компании како Drive на Google, SkyDrive на Microsoft и iCloud услугите на Apple. Сервисот е проценет на 4 милијарди долари и се шпекулира дека во текот на оваа година би можел да излезе на јавна берза.

[youtube]mHrnCQls0Vc[/youtube]

Напишано од

Борис Кузманов

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Филип
Филип
13 years ago

"Сервисот е проценет на 4 милиони долари"
Веројатно мислите на милијарди.

Мени
Заедница
Изглед
To top