Апликација на денот: PAUL е паметен онлајн агрегатор за мултимедијална содржина

во Совети

На сите ни се допаѓа идејата од едно место да имаме директен пристап до целата мултимедијална содржина од различни извори. Но, како сте расположени за една апликација за Android која автоматски ќе ви gi презема сите вести во точно одредено време?

PAUL е апликацијата која ќе ги агрегира и преземе најновите видеа и аудио содржини од извори како YouTube, CNN, ESPN SoccerCenter, Last.fm, Facebook и Twitter во точно одредено време од денот. Со тоа, ќе заштедите на интернет доколку некогаш сакате повторно да го погледнете видеото, ќе се спасите од buffering, а до содржината ќе можете без проблем да и пристапите во било кое време.

PAUL учи од вашите постапки на друштвени мрежи, а колку содржина сакате да добивате од одреден извор е исто така достапно за корисникот самиот да си одреди. Додека, за зачувување на содржината, апликацијата ја компресира содржината. Од екранот „My Savings“ можете да ја разгледате вашата статистика за денот, месецот или годината. Исто така, можете да алоцирате максимална меморија која ќе може да ја користи апликацијата за зачувување на преземената содржина.

PAUL работи на Android 4.0+ и апликацијата можете бесплатно да ја преземете од Google Play.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk