Дознајте зошто е бавен вашиот компјутер со WhySoSlow

Ако отсекогаш сте имале компјутер кој бавно ги извршува сите, па дури и оние наједноставните, обврски, тогаш она што се препорачува е инвестиција или во хардверска надградба или во купување нов компјутер. Но, доколку вашиот компјутер одеднаш започнал со сомнително ползење, ситуацијата би можела да биде сосема поразлична и, обично, проблемот може да биде, пронајден, локализиран и релативно безболно отстранет. Во таквата мисија, можат да ви помогнат програми како WhySoSlow.

WhySoSlow  е корисна алатка со која полесно ќе ги идентификувате, а потоа разрешите моментните проблеми во оперативниот систем. Имено, софтверското решение анализира потенцијални проблеми во перформансите, како брзината на процесорот, температурата, како и какви сè процеси се моментно покренати, каква е искористеноста на меморијата, дали се фрагментирани драјвовите и многу повеќе.

WhySoSlow е апсолутно бесплатна за лична употреба и од статус екранот без никакви рестрикции можете да добиете увид за тоа како се однесуваат бројните елементи, па и да ви се генерира извештај од подетален карактер. Апликацијата инстантно ќе ве предупреди и доколку температурата на вашиот процесор стане премногу висока, а доколку системот замрзне, WhySoSlow се одликува и со исклучително корисна AntiFreeze функција, особено во ситуации кога стандарниот Task manager не функционира.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments