Automattic Inc, компанијата во чија сопственост е WordPress, го купува Tumblr

во Свет

WordPress и Tumblr наскоро ќе имаат ист сопственик. Компанијата Automattic во чија сопственост е WordPress ќе го купи Tumblr од Verizon. Тимот на Tumblr се околу 200 вработени кои сега ќе бидат  префрлени под Automattic.

Некогаш проценуван на над 1 милијарда долари, висината на цената на оваа продажба денес е проценета на 20 милиони долари, јави Axios.

Tumblr е препознатлив бренд и на платформата има над 450 милиони блогови.

„Tumblr е еден од најпрепознатливите брендови на интернет. Ова е клучна платформа за споделување на нови идеи, култури и искуства, им помага на милиони да изградат заедници околу нивните заеднички интереси. Возбудени сме што ги додаваме на WordPress.com, WooCommerce, Jetpack, Simplenote, Longreads и други…“, вели директорот на Automattic, Мет Муленвег.

Иако Tumblr едно време беше друштвена платформа што не можеше да се заобиколи, последниве години компанијата е попрепознатлива по купувањата отколку како платформа. Во 2013 година за 1,1 милијарди долари влегоа под Yahoo. Подоцна кога Verizon ги купи Yahoo, и Tumblr се префрли заедно со нив.

Претходно заинтересиран за купување на Tumblr беше Pornhub. Tumblr има забрана за порнографска содржина, но платформата е често критикувана дека не прави доволно за овој бан да биде одржан. Automattic најави дека забраната за порнографија ќе остане и под нив.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments