Дознајте кои игри се соодветни за вашите деца според возраста со Ask About Games

0 коментари 1 мин. читање

Деца како деца, секојдневно слушаат препораки за некоја феноменална игра која едноставно мора да се проба. Но, не се сите игри за сите возрасти и некои се полни со експлицитни содржини и насилство. Поради тоа, вашето дете не би требало да ги чепка сè додека не припадне на соодветна возрасна група.

За правилна информираност, на сила стапуваат таканаречените PEGI оценки и консултација за нив преку сајтот Ask About Games.

Ask About Games објаснува како функционира Pan European Game Information (PEGI) и ефикасно ги толкува иконите кои обично доминираат на сликите од игрите. Од не толку одамна, сајтот е подновен со нов изглед кој исто така истакнува најразлични контроли кои вие, како родител, можете да ги активирате во конзолите, телефоните, и таблетите.

Најдоброто од сè, на едноставен начин ве информира за најпродаваните игри во моментот, не заборавајќи притоа да ги подреди во соодветна возрасна категорија. Сите објаснувања се на едноставен англиски јазик и целосно лишени од жаргон.

Напишано од

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Мени
Заедница
Изглед