Дознајте каде одат вашите пари со Walnut

Avatar img-thumbnail img-circle

во Совети, Софтвер

За повеќето од нас, примањата се исклучително мали и лесно можете да се најдете во ситуација да потрошите сè за неколку дена и потоа да се чудите каде отишле парите. Во случај да сакате да добиете подобар увид во вашите трошоци и да пробате да живеете поштедливо, ви препорачуваме да ја проверите апликацијата Walnut.

Walnut е апликација која ви дозволува да управувате со вашите секојдневни трошоци и сметки. Во зависност од тоа која банка ја користите, доколку добивате пораки за секоја онлајн трансакција, Walnut автоматски ги чита таквите пораки и ги бележи трошоците на соодветно место. Преку корисничкиот интерфејс можете да прочитате и за идните сметки кои треба да ги платите, како и нивните крајни рокови за исплата. Секој пат кога ќе направите некој дополнителен трошок кој не може автоматски да биде детектиран од апликацијата, лесно можете вие рачно да го внесете.

Зошто да го користите Walnut?

Имање самоконтрола е исклучително тежок предизвик, особено кога се работи за вашата финансиска благосостојба. Walnut ги следи вашите трошоци и точно ви кажува каде оди најголемиот дел од парите. Опсипување со ваквите визуелни податоци знае да влијае на вашето резонирање и да проба да ве принуди да размислите дали навистина е потребно да трошите по 4000 денари на игри секој месец кога имате стотици други кои не сте ги ни почнале. Можете да поставите месечен буџет и секој пат кога ќе се приближите до границата убаво да размислите дали е потребно дополнително расфрлање за работи кои лесно можат да бидат класифицирани во луксузи.

Walnut најмалку сака да задоцните во плаќањето на вашите сметки и ќе ве предупредува и охрабрува да ги исплатите за да не го надминете крајниот рок. За одредени работи, можете да плаќате директно од апликацијата и тоа со вашата VISA картичка. Паралелно со ова, можете лесно да ги поделите трошоците помеѓу пријателите, како и да се впуштите во меѓусебни чет сесии преку апликацијата. Интересно е тоа што апликацијата може да ве штити од спам пораки и да не дозволува постојано да бидете бомбандирани со несакани sms пораки.

За Walnut постои апликација за iOS и Android оперативните системи, но Adroid апликацијата е дефинитивно посупериорниот избор. Од повеќето споменати функции, Walnut за iOS ви дозволува само да делите трошоци помеѓу пријатели и да праќате и добивате пари со податоците од вашата дебитна картичка.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments