Неколку сајтови на македонските институции вчера биле обезличени од хакери што се потпишале како Ustadcage_48. Пробиени се сајтовите на Јавното обвинителство, Министерството за информатичко општество и администрација, МАРнет и сајтот Е-трговија, кое според неофицијални информации биле хостирани на еден ист сервер на МИОА. Но, поважното прашање е зошто .gov сајтовите дозволиле ваков напад?
Иако македонските медиуми го поврзаа овој вандалски напад, еднаков во офлајн светот како пишување графити на ѕид, во политички контекст со скорешната полициска акција во која беа уапсени радикални исламисти во две џамии во Скопје; сепак тоа се луди шпекулации бидејќи нема никаква поврзаност. Хакерите под псевдонимост Ustadcage_48 се познати како дифејсери на 123 сајтови од најразлични области и држави. Друго лошо толкување на нападот од страна на македонските медиуми е дека се работи „за огранок од некој полски тим“. Всушност знамето, црвено-белото кое може да се забележи на некои слики, не е знаме на Полска, туку е знаме на Индонезија, а тимот Sumedang cyber team го носи името на град од Сумеданг, град во Индонезија. Ова ги отфрла сите поврзувања со исламистичката држава.
Но, шпекулациите се неважни во моментов. Можеби прашањето не е „зошто ја обезличиле почетната страна?“, туку „како ја пробиле страната“? Се работи за владини .gov сајтови од кои два се поврзани со ИТ индустријата, и можеби очекувано е овие сајтови да бидат безбедни или да имаат CIRT тим кој ќе се справи со ваквите вандалски напади. По сите најави, уште во Македонија нема официјален CIRT тим кој ќе се справи со сајбер напади. Но, ако единствена цел на обезлиувањето, познато како deface, е да биде јавно понижување, подсмев за небезбедностана на пробиениот сајт, нападот има за цел да биде виден. И тоа не загрижува, бидејќи не сме сигурни во безбедносната на тие владини сајтови. Дали има напади врз македонските небезбедни сајтови кои ние не може да ги видиме и кои се многу посериозни одошто оставање графит?
Сајтовите на пробиените институции сега работат.
Хах good one :D
Оди килни се со дифејсирањево.
„Дифејсирани“ :(
Само за дополнување односно информација се работи за backdoor на еден од серверите хостирани од Министерството за Информатичко Општество и МАРНЕТ па сите поставени страни таму се дифејсирани http://i.imgur.com/uCVsDoI.png