0 коментари 1 мин. читање

DotA 2 International беше следен од 20 милиони гледачи

DotA 2 International го следеа над 20 милиони гледачи со што двојно ја зголеми гледаноста на шоуто од минатата година. Максималниот број на гледачи кој истовремено го гледале настанот e 2 милиони, објави Valve. Турнирот ќе остане запомнет по рекордниот награден фонд од 10 милиони долари, од кои 5 милиони отидоа во рацете на победниците, кинескиот тим Newbee.

Бројот на гледачи е поголем бидејќи во вкупната бројка влегуваат и сите гледачи на ESPN, кинеската CCTV и MTG Europe. Бројката од 20 милиони гледачи сепак не е рекорд, рекордот е во рацете на League of Legends на Riot Games, кои на Championship Series 2013 имаа над 32 милиони гледачи.

[youtube]3pWdoOybp8I[/youtube]

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

Нема коментари. Отвори форумска тема и започни ја дискусијата.

Најави се и отвори тема

Напишаното ќе остане зачувано во овој прелистувач.

Мени
Заедница
Изглед
To top