Dota 2 го бара вашиот телефонски број за рангирани мечови

Сите Dota 2 фанатици нема да можат да навлезат во рангирани мечови без уникатен телефонски број врзан за нивниот акаунт. Имплементација на оваа нова мерка е донесена од Valve за да се намали бројот на играчи кои користат повеќе акаунти и со тоа допринесуваат до негативно искуство при формирање тимови и мечови. Барање уникатен телефонски број за секоја рангирана сметка, според блог постот, се чини како идеално решение за спречување злоупотреба на системот, а и се допринесува до ефект кој е позитивен за сите играчи кои ги користат нивните примарни акаунти.

Ваквата мерка стапува на сила од 4 мај, a до тогаш во рангираните мечови се учествува независно од тоа дали имате внесено телефонски број или не. За избегнување потенцијални манипулации и злоупотреба на ваквиот систем, во случај да го отстраните телефонскиот број, не можете да го користите истиот цели три месеци. Исто така, Valve нема да ви дозволи да користите броеви од онлајн сервиси, како од Google Voice number.

Веста се чини интересна бидејќи уште еднаш се надоврзува на прастарата приказна за еволуција на заштитните мерки со цел да се спречат злоупотреби кои го загрозуваат севкупното гејмерско искуство. Dota 2 не е пионир во имплементирање на мерки од сличен калибар. Valve направи помалку драстично нешто и со нивната CS:GO Prime Matchmaking метода, според која нуди поквалитетно формирање мечови доколку имате регистриран телефонски број, но, за разлика од Dota 2, не спречува рангирано играње доколку не внесете телефонски број.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments