0 коментари 2 мин. читање 18 јули, 2018

BMW со конкурент на Uber и Lyft

ReachNow е одговорот на BMW на сервисите за превоз на патници како Uber и Lyft. Компанијата е во сопственост на BMW, а нуди исти или слични услуги како Uber.

До моменталната промена сервисот нудеше различна услуга, како изнајмување на возила. Сега истиот сервис нуди изнајмување на возило, но истовремено нуди и изнајмување на возач. Барем засега платформата е во бета тест фаза.

Ride сервисот е достапен единствено во Сиетл. Корисниците од овој град можат да си изнајмат некој од моделите на BMW, но и да побараат превоз. Превоз може да се побара и за во некој иден период помеѓу 20 минути и 1 недела.

За разлика од Uber и Lyft, платформата на BMW не овозможува возачот да дојде со сопствено возило, туку мора да користи некое од возилата од флотата на BMW.

Тестовите на сервисот на BMW можеби се најдобар показател дека поседувањето возила оди во историја. Корисниците се заинтересирани за изнајмување на возила, наместо како до неодамна за купување на сопствен автомобил.

ReachNow сервисот за споделување превоз функционира и во Портланд и Њујорк, јави GeekWire.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top