Донесена реформата за авторски права, 2/3 од државите на ЕУ го поддржаа контроверзниот закон

Avatar img-thumbnail img-circle

во feature, ИТ.ЕУ

Холандија, Италија, Луксембург, Полска, Финска и Шведска беа против, а Естонија, Белгија и Словенија беа воздржани додека се носеше новиот закон за авторски права. За законот гласаа 19 држави членки. Со ова гласање законот ќе стапи во сила во сите држави членки на Унијата.

Дел од законот се контроверзните членови 11 и 13, познати како данок на линкови и филтрирање на аплоад. Европската Комисија го поздрави носењето на законот и побара негово брзо имплементирање во државите членки. Иако голем дел од претставниците се согласуваа дека е потребна реформа на законот за авторски права кои ќе соодветствуваат на дигиталната примена, сепак имаше поделеност кога е во прашање начинот на кој треба да се имплементираат измените. Токму двата контроверзни члена 11 и 13 ќе бидат најголем проблем. Според членот 11 дури и линк до содржина ќе биде подложен на авторски права. Ова се однесува и на агрегаторите на вести и на пребарувачите кои нема да смеат да покажуваат ниту снипет од веста или секако ќе треба да платата за споделување на содржината.

Членот 13 пак предвидува секоја содржина која ќе биде објавена да има уредени авторски права, ако авторските права не се обезбедени, платформата може да се обиде да обезбеди авторски права или набрзина да ја отстрани содржината. Со ова платформите стануваат одговорни за секоја содржина објавена од корисниците. Ова за помалите сајтови и платформи секако значи воведување на блокада за било кој вид на содржина. Па дури и за поголемите сервиси како YouTube кои вели дека платформата нема начин да ги проверува сите содржини кои се објавуваат.

Се чини дека единствено се спасија мемињата кој ќе останат достапни за споделување. Законот е малку променет па оваа содржина ќе може да се сподели ако се користи за цитирање, критика, преглед, карикатура, пародија и слично.

„Со сегашните правила носиме закон за авторски права прилагоден на дигиталното време. Европа ќе има јасни правила за авторски права кои ќе гарантираат фер заработка за креаторите, силни права за корисниците и одговорност за платформите. Кога станува збор за единствениот европски дигитален пазар, законот за авторски права е делчето од сложувалката кое недостасува“, вели претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер.

Не сите претставници на граѓаните на Европската Унија го поддржуваат законот. Џулија Реда, претставничката на Пиратската партија од Германија предупредува на опасностите од носењето на законот и повика на поддршка на граѓанското општество за отфрлање на законот.

„Лобито на забавната индустрија нема да запре овде, во следните две години ќе притискаат за национална имплементација која ги игнорира основните човекови права. Сега е поважно од било кога за граѓанското општество да направи притисок врз државите членки“, вели Џулија Реда.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments