Samsung и официјално го претстави Galaxy Fold моделот, а веќе се појавија и првите прегледи на телефонот на најголемите светски портали. Она што е најголемо изненадување е дека Galaxy Fold е многу повеќе од концепт телефон и делува повеќе на готов производ, отколку што веројатно било кој очекуваше.
„Дојдов тука со очекување дека ќе биде концепт уред, а не телефон кој корисниците треба да го купат, но откако почнав да го користам почнувам да се премислувам“, вели Дитер Бон, од Verge.
Секако основната идеја зад телефонот е дека може да го користите како стандарден телефон или како таблет. Ако подзаборавивте, Galaxy Fold е првиот телефон на Samsung што доаѓа со флексибилен екран. Благодарение на оваа технологија Samsung успеа да произведе телефон кој се преклопува како книга, а со тоа има и двојно поголем екран.
Иако коментарите на првите прегледи на телефонот се дека спојот помеѓу двата дела е добро направен, штом еднаш го забележите „пресекот“ секогаш ќе ви паѓа во очи. Секако не е крај на светот и може да биде и полошо, а коментарите се дека спојот е позабележлив на сликите отколку во живо. Добра вест е дека Samsung одлично го заштити овој спој и нема можност корисникот да го преврти екранот повеќе од 180º.
„Телефонот не е без недостатоци, голем е и тежок, а на екранот има забележителен набор“, вели TechRadar.
Веројатно тежината е и очекувана со оглед на тоа дека сепак Galaxy Fold e како два телефони споени во еден.
Телефонот доаѓа со 7,3-инчен дисплеј превиткан на средна на покусиот раб. Забот од средината е префрлен во десниот горен агол и е значително поголем, а таму се камерите, и куп сензори. За жал технологијата со која се произведуваат еластичните екрани не овозможува сите потребни сензори и камерата да се скријат зад екранот.
Што се однесува до хардверот, тој е стандарден за телефоните од висока класа. Snapdragon 855 процесор; 12GB RAM, и 512GB простор. Батеријата е со капацитет 4,380 mAh и распоредена е и во двата дела на уредот.
Fold има 1 предна 10 MP камера и три задни камери. Уредот има стандардна, телефото и широкоаголна камера за различните потреби на корисниците.
Секако најголем недостаток на Galaxy Fold е цената. Цената од 1 980 долари е превисока и за неа може да се купат и повеќе од 2 уреди.
[…] Прочитај повеќе тука…IT.mk […]