Доналд Трамп и Џеф Безос, основачот на Amazon, се смирија на Twitter

во Веб, Свет

Во текот на претседателската кампања, избраниот претседател Доналд Трамп, најави дека ќе започне постапка против монополот на Amazon. На ова одговори Џеф Безос, основачот на Amazon, со понуда за столче во неговата ракета Blue Origin и испраќање на Трамп во вселената.

Сега по изборите, Џеф Безос му ја честита победата: „Честитики до @realDonaldTrump. Без предрасуди му посакувам успех во неговата служба на државата.“, објави на своjот Twitter профил основачот на Amazon. За жал потегот кој изгледа коректно, не наиде на одобрување кај следбениците на г. Безос, кои во истиот пост најавија откажување на Amazon Prime услугата и бојкот на компанијата.

За време на претседателската кампања Трамп го обвини г. Безос дека го користи Washington Post за да избегнува плаќање данок со Amazon. „Ако Amazon плаќаше фер данок, акциите ќе му паднеа што ќе се срушеше како кула од карти. Измамата со @washingotnpost ги спасува!“. По што следуваше реакција Twitter конверзација и препукување.

Џеф Безос одговори со понудата да го испрати г. Трамп во вселената.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk