Can't touch this! МС Хамер ќе стартува веб пребарувач

1 коментар 1 мин. читање

Познатиот рапер од почетокот на деведестите, МС Хамер на Web 2.0 во Сан Франциско најави дека планира да стартува веб пребарувач чија цел не е да биде директен конурент на Google и Bing, туку да овозможи подлабоко пребарување. Веб пребарувачот, кој сè уште е во развој, ќе го носи името WireDoo.

Според МС Хамер, пребарувачите како Google и Bing пребаруваат клучни зборови, додека неговиот веб пребарувач ќе се разликува од нив во тоа што ќе пребарува врски, т.с ќе ги поврзува клучните зборови со сродни теми. Пример за тоа како ќе функционира овој веб пребарувач е доколку се пише зборот „car“, како резултат ќе се добијат информации за осигурување на кола, или пак рејтинзи за безбедност на коли.

Раперот верува дека овој начин на пребарување ќе наиде на одличен прием, и дека ова ќе биде навистина корисно. Веб пребарувачот е во фаза на креирање веќе две години, и наскоро треба да се појави за широка употреба.

Напишано од

Мартин Јочвески е дипломиран филолог, основач на музичкиот веб сајт, Bass Infusion, како и радио водител на Канал 103 и Студент ФМ. Покрај љубовта кон музиката, Мартин има огромен интерес за најновите остварувања во информатичката технологија и мобилната телефонија.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top