Правењето вкусни јадење не е едноставна работа. Знаете како викаат, не е еден ден па да се снајдеме, се работи за секој ден, три пати во денот. Згора на тоа, често се чувствувате како да немате доволно намирници за да направите нешто што личи на достоен ручек. Во таа ситуација, зошто да не дозволите вештачката интелигенција да преземе целосна контрола.
ChefGPT е веб сајт кој ќе ви понуди рецепти за оброци според намирниците кои ќе ги внесете, според направата која планирате да ја користите за готвење, според времето кое го имате на располагање и според тоа дали сте искусни во подготвување храна или не.
Интересно е тоа што за секој рецепт можете дополнително да ја прилагодите количината на намирниците која ви е потребна во зависност од тоа за колку луѓе сакате да готвите, јадењето дали да биде за вегетеријанци, дали да содржи глутен, млечни производи и ред други работи, како колку јаглехидрати да има, колку протеини, колку масти и слично.
Дополнително, алатката ќе ви препорача какви дополнителни јадење и пијалаци одат со вашето главно јадење за да можете да си дозволите совршен оброк од секој можен поглед. Се што ќе ви биде понудено на овој начин ќе може да го ставите во вашите омилени работи, за да полесно дојдете до рецептот во иднина.
ChefGPT ви дозволува бесплатно создавање до пет рецепти месечно и нивното генерирање да биде засновано само во зависност од намирниците што ги имате. За бесконечно создавање рецепти и користење напредни прилагодувања, имате на располагање пробен период од седум дена, а потоа за услугата се наплаѓа 170 денари месечно. Наше мислење е дека ChefGPT е интересна алатка, особено доколку сакате да поведете ред што и како внесувате во вашето тело, но за бесплатна, а слична алтернатива, ви препорачаме да ја првин проверите Supercook!