0 коментари 2 мин. читање 2 септември, 2022

Supercook ви предложува што да правите за јадење според она што моментно имате

Порано или подоцна, се наоѓате во ситуација каде едноставно не знаете што сакате да направите за јадење. Или пак сакате да пробате нешто ново и невообичаено.

Независно од причината, Supercook е веб сајт кој ви предложува вкусни јадења во зависност од состојките кои ќе ги внесете, односно работите што моментно ги имате дома.

По посетување на веб сајтот, избирате јазик на кој сакате да ги внесете состојките, а да ги добиете понудените рецепти. Доколку англискиот не ви е јака страна, го имате на располагање српскиот јазик. Со одбирање на јазикот, во левото горно поле ги пишувате состојките кои ги имате, а под истото поле ви се листаат бројни состојки кои обично можат да се најдат во секој дом – нив ги избирате така што ќе кликнете на нив. Откако сте задоволни со изборот кликнувате на зеленото копче во центарот од сајтот, по што добивате едeн куп рецепти за јадења кои можете да направите со тие состојки.

Со кликнување на некој рецепт, добивате кратки информации за количинската потреба на состојките, како и можност да добиете целосен увид до рецептот, заедно со потенцијални фото и видео инструкции.

Bon Appétit!

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top