0 коментари 2 мин. читање 24 јануари, 2019

Distraint: Deluxe Edition е бесплатна на GOG до 25 јануари

Со оглед на тоа дека се работи за исклучително временски чувствителна зделка, првото нешто што би требало да го направите е да кликнете тука и бесплатно да ја зграпчите феноменалната Distraint: Deluxe Edition.

Ја земавте? Одлично!

Оваа дводимензионална хорор авантура се нуди бесплатно во чест на моментната распродажба на продавницата GOG. Се работи за длабоко вознемирувачко инди остварување во кое главниот лик, Прајс, трпи малтретирање од постара жена, сè со цел да го добие саканато место во компанијата. Таквото нешто, меѓутоа, доаѓа со огромна цена. За Прајс. За вас е бесплатно во наредниот ден-и-пол.

Инаку, би било штета да не ја и споменеме Hot Sale распродажбата на GOG и историското намалување на комплетната едиција на The Witcher 3. Со години, The Witcher 3: Wild Hunt – Game of the Year Edition се продаваше по цена од 20 долари. Ова е прва ситуација, играта да се продава со подлабок попуст, кој ја намалува цената на 15 долари. Останатите игри од овој универзум се исто така на попуст, не исклучувајќи ја и најновата Thronebreaker. Масакрирани се цените и на бројни други наслови, целосен увид имате тука. Интересно е и тоа што, оваа распродажба не е пропратена со нови игри во GOG Connect програмата.

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top