Disney креира боенки со проширена реалност

0 коментари 1 мин. читање

Студиото Disney работи на проект за проширена реалност со кој ќе им даде нов живот на боенките. Апликацијата помалку потсетува на Semantic Paint од Microsoft, иако делува делеку поисполирано и позабавно од неа. Апликацијата со дополнителна функционалност без сомневање ќе има и дополнителни можност и ќе биде корисна за сите, но барем засега ќе им овозможи на најмалите повеќе да се забавуваат додека ја пополнуваат својата боенка. За сега нема најава дека апликацијата и официјално ќе се појави на пазарот, а и софтверот е тестиран со премалку текстури, но технологијата е тука, а ова е само уште еден мал пример што ќе може да понуди.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top