0 коментари 2 мин. читање 7 март, 2014

DirectX 12 постoи и Microsoft ќе го претстави на GDC во март

Microsoft потврди дека DirectX 12 постои и наскоро ќе може да гo видиме на Game Developers Conference, која ќе се одржи од 17 до 21 март. DirectX 12 ќе биде главна тема на панелот на компанијата со наслов „DirectX: Еволуција на графичката платформа на Microsoft“.

„Побаравте од нас да ве донесеме поблиску до метал и тоа на неспоредливо голем број на хардвер. Исто така побаравте подобри алатки за да може да ги добиете најдобрите перформанси од PC, таблет компјутер, паметен телефон или конзола“, стои во поканата од Microsoft.

Поканата која компанијата ја испрати ги содржи логоата на Intel, Qualcomm, AMD и Nvidia што значи дека новиот DirectX ќе дојде со поддршка од сите производители. Се чини дека барем според Microsoft со оваа верзија ќе го воведе DirectX и на таблет компјутерите, но и на паметните телефони. Официјално први детали од компанијата ќе дојдат на 20 март за кога Microsоft закажа две пресконференции.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top