Дигиталните платформи некогаш и денес: Како да се задоволат потребите на читателите на порталите?

во Вести

На панелот “New world order: Како да се создаде содржина за дигиталната ера”, претставниците на клучните медиуми ќе разговараат за спецификите на производство и дистрибуција на дигитални содржини.

Печатените медиуми некогаш на своите интернет портали објавуваа речиси иста содржина како и во нивните весници. Денес, дигиталните платформи имаат свои сопствени форми и оригинални начини на пренесување на информации и приказните, кои значајно се разликуваат од создавањето содржини за традиционалните медиуми.

Дигиталните медиуми, како средство за информирање и едукација, почнаа внимателно да ја балансираат продукцијата на сопствената содржина, како што се анализите и колумните и брзите вести кои читателите ги очекуваат на порталите. Но, покрај тоа, новинарите и уредниците се соочуваат со предизвикот на кој начин во голема дневна продукција, да ги истакнат квалитетните теми и да ја подигнат нивната читаност, а од друга страна и понатаму да бидат први кои ќе ја објават веста.

Повеќе не е исто ниту уредувањето на насловите на интернет порталите кои што некогаш се уредувале дури неколку пати дневно. Денес корисникот очекува нови информации на насловната страница секој пат кога ќе го посети порталот. Значи, не е изненадување што трендовите покажуваат значително зголемување на продукцијата на статии, од некогашните десетици на неколку стотици текстови дневно.

Со зголемувањето на продукцијата на содржини, видлив е и порастот на конзумација и задржување на интернет порталите. Во последните десет години, истражувањата на Gemius покажаа дека времето на задржување на дигиталните платформи е зголемено за 50 до 100% на месечно ниво.

На панелот “New world order: Како да се создаде содржина за дигиталната ера” на Weekend Media Festival, претставниците на клучните медиуми ќе разговараат за спецификите на производство и дистрибуција на дигитални содржини.

Најголемиот регионален комуникациски фестивал Weekend Media Festival, оваа година ќе се одржи од 20 до 23 септември, како и секогаш во поранешната фабрика за тутун во Ровињ, а партнери на фестивалот оваа година се Франција и Германија. Сите маркетери можат да ги пријават своите кампањи на седмиот по ред BalCannes, а најдобрите дигитални кампањи во регионот ќе бидат претставени на најважните дигитални награди, SoMo Borac.

Освен по конструктивните, а понекогаш и провокативни дискусии за трендовите во комуникациската индустрија, Weekend Media Festival е познат и по своите забави. И оваа година не` очекува разновидна музичка програма и дружење долго во ноќта.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments