Дигитална Трансформација #1 – Како до неа?

во Веб, Совети

Ова е гостински текст од компанијата за едукација Brainster, кој е дел од IT.mk серијалот тeкстови на тема „Дигитална Трансформација“.


Деновиве не можеш да разговараш со сопственик на компанија а да не се спомне “Дигиталната Трансформација”. Но, ретко која од големите компании кај нас поминала низ целосниот процес. Секој бизнис денес се соочува со истиот предизвик: Како да се трансформираат за да бидат компетитивни во оваа дигитална економија?

Дигитализацијата е повеќе од било кога во центарот на вниманието на многу компании и се случува токму сега. Многумина сè уште не ги виделе целосните ефекти, но набрзо ќе дојде и тоа. Светот постојано се менува, со нови технологии кои ги попречуваат сите традиционални индустрии додека очекувањата на потрошувачите постојано еволуираат.

Тоа што е важно денес може многу лесно да не е прифатливо веќе утре. За компаниите кои сакаат да ги задржат своите конкурентски предности не постои опцијата на заобиколување на овој дигитален свет.

Што е Дигитална Трансформација?

Се однесува на тоа како компаниите самите се приспособуваат за потребите на дигиталниот свет. Не станува збор само за надградба на технологијата туку и надградба на лидерството, стратегијата и новите начини на размислување.

Најголемиот ланец на хотели Аirbnb не поседува хотели. Најголемата такси компанија Uber нема сопствени возила и најголемата продавница во свет Alibaba нема залихи. Вредноста која тие ја создаваат за своите потрошувачи преку своите процеси е одговорот на прашањето зошто се број 1.

Зошто Дигитална Трансформација?

Ако во последните 20 години вашата компанија не применува дигитални технологии, тогаш што правите? Дигиталната трансформација не е rocket science. Сè уште постојат HR сектори кои ги бројат отсуствата на вработените рачно. Таа активност може многу лесно да се автоматизира.

Потфатот на темелни промени во процесите и бизнис моделите ќе го поттикне развојот на вашиот бизнис во правилна насока.

Од каде да започнете?

Темпото на технолошките промени и понатаму се забрзува. Во ера во која рокот на траење на вештини е помалку од пет години, од клучно значење за работодавачите е да ги прилагодат своите вработени за овие дигитални промени.

Не пробувајте да ја трансформирате целата компанија одеднаш туку започнете со мали иновации. Edward Hieatt, COO-то на Pivotal Labs вели „Не мора да го зовриете цел океан за да функционира“.

На пример, ако вашиот бизнис работи на поголеми проекти,  Trello ќе ви помогне да ги организирате и приоритизирате активностите на ефикасен начин.

Доколку ви се допадна текстот, пишете ни порака која од следните теми сакате да ја опфатиме.

  • Каде најчесто грешат компаниите при автоматизација на своите процеси
  • Индустрии кои најмногу се погодени од дигитализацијата
  • 7 чекори како Вашиот бизнис да започне со дигитална трансформација

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk