0 коментари 2 мин. читање 26 март, 2013

Digg ќе развива замена за Google Reader

После самото објавување на Google дека нивниот продукт Reader ќе живее до 1 јули, Digg ги објави своите планови за градење на сопствен RSS читач. Вчера од компанијата објавија уште детали за новиот сервис, со што покажуваат дека се навистина сериозни во своите намери за градење на сопствен читач. После 800 коментари на првичниот блог пост, Digg дојдe до заклучок дека сервисот треба да биде: едноставен (Keep it simple, stupid), брз, да има синхронизација помеѓу уредите и да понуди лесно импортирање на податоците од Google Reader.

Исто така, ќе бидат вклучени и друштвените мрежи како Twitter, Facebook, Tumblr, Hacker News, кои не добија ниту малку внимание од Reader-от на Google. Инаку, Digg е веќе познат по агрегирањето и откривањето на најновите и интересни содржини, па од овде нималку не е изненадувачки овој потег.

Во продуктот сигурно би биле вклучени и опциите на Digg, како што е копчето за гласање, а со тоа ќе се добие и повеќе сообраќај кон главниот сервис. Точно кога ќе биде објавен читачот на Digg – не е познато, но тие ги повикуваат сите да се приклучат на мејлинг листата и да бидат во тек со случувањата.

Напишано од

Борис Кузманов

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top