Нема кој не го очекува третото продолжение на легендарната Diablo. Посебно тие кои ја нарачаа во претпродажба или со опцијата за едногодишна претплата на World of Warcraft, најверојатно веќе подолго време сте во исчекување на конечното објавување на датумот на излегување на играта. Бидејќе играта веќе долго стои со датум TBA (ќе биде најавено), повеќето шпекулации за датумот на излегување како главен извор на веста ги користеа датумите поставени од Amazon и од некои останати продавници за видео игри.
Најновата вест е дека Diablo 3 ќе излезе а 17 април. Веста први ја пренесоа MMORPG-Italy, а шпекулациите ги започнаа италијанскиот Amazon и GameStop. Сепак овој пат главниот дизајнер на Diablo 3, Џеј Вилсон на својот Twitter профил објави дека не може да ја потврди дататата, но не ја ни негираше.
Blizzard најави дека наскоро ќе ја објават датата на излегување, по што започнаа нови шпекулации дека најскоро тоа може да биде денес на GDC или на CeBIT кој започнува на шести март.
@BenBrown68 I cannot debunk or confirm.
— Jay Wilson (@Angryrobotics) March 4, 2012
Коментари
1 коментар
Коментарите се затворени.